Ставрески за РСМ: Финансиските зони ќе влијаат на економскиот раст

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на гостувањето во Индекс на Радио Слободна објави дека формирањето на финансиските зони во Македонија ќе бидат по терк на Луксембурк.

Покрај растот на бруто домашниот производ, се очекува ефект за креирање на работни места и тоа за лица со соодветно образование во делот на економијата, правото, сметководството и во делот на давање услуги за вработените таму и слично. Во Луксембурк, 25 % од БДП се создава од вакви финансиски услуги а се регистрирани над 3840 инвестициски фондови и се креирани 44 000 работни места.

Но Луксембурк станува скап и тоа е шансата на Република Македонија, смета Ставрески: - На овој начин ќе овозможиме да се создаде уште еден центар за креирање на работни места и за привлекување странски капитал што ќе ја етаблираат Република Македонија на соодветно место на финансиската мапа во Европа и во светот, изјавил Ставрески.

24.09.2014 - 13:45


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега