КСС не ја поддржува одлуката за генерален штрајк на СОНК

Петте гранкови синдикати кои се дел од една од најголемите синдикални организации во Р.Македонија – Конфедерацијата на слободни синдикати, се оградуваат од идејата и одлуката за организирање на генерален штрајк во образованието, според кои истиот е инициран од претседателот на СОНК Јаким Неделков и мала група на негови приврзаници, со цел задржување на актуелните позиции преку реизбор во следната година.

- Навистина жално и трагично, сегашната младина и иднината на нашата земја да биде заложник на една однапред планирана ситуација во која најголема штета ќе биде застојот на нивниот воспитно-образовен процес, што пак, ќе предивика бројни други последици. Оние во почетните години на основното образование ќе немаат добра подлога за сите понатамошни образовни предизвици, додека пак, оние во завршните години ќе немаат целосно заокружен процес и подлога за продолжување на високото образование или за настап на пазарот на труд, истакна Лидија Карастојанаова-Андова, претседател на замјоделскиот синдкат на РМ, која доаде дека местото на учениците е во училишните клупи, каде со помош на наставниците го стекнуваат потребното знаење за понатамошен професионален напредок.

ОД КСС потенцираат  дека доколку раководството на СОНК не се откаже од намерата за штрајк –учениците ќе останат заложници на личните и себични идеи на еден затворен круг на луѓе кои ги остваруваат сопствените амбиции. Се работи за позната методологија и тактика на актуелното раководство на СОНК, кои деструктивноста и отстапките од генералните политики и ставови на КСС, многупати досега неосновано ја изразувле и по однос на други теми, како во минатото така и во сегашноста.

- Со овие потези ние индиректно стануваме заложници на СОНК, кои очигледно се залагаат само за нивните лични интереси, заобиколувајќи ги сите тела и органи на КСС како призната национална институција, реагираат од Конфедерацијата на слободни синдикати.

Поради тоа што мнозинството делегати на КСС се токму од СОНК, а не се заинтересирани за свикување на Конгрес на КСС, ова институција во моментов нема актуелен претседател.

- Се поставуваат прашањата дали СОНК е во КСС или КСС е во СОНК и дали сите синдикални членови на КСС се заложници на поедини личности за нивни интереси и фрустрации, посочи Карастојанаова-Андова.

Членовите на извршниот одбор на КСС, нагласи таа, се оградуваат од СОНК, бидејќи СОНК делувал без никаква одлука на Извршниот одбор.

24.09.2014 - 13:41
Фото: 
курир


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа