Пратеници се приклучија на кампањата за безбедност во сообраќајот

На денешната собраниска седница пратеници дадоа поддршка и се приклучија кон кампањата за безбедност во сообраќајот.

Пратениците на денешната расправа носат беџови со знакот односно логото на кампањата "Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ која е актуелна и се однесува за подигнување на јавната свест кај граѓаните учесници во сообраќајот како и потребата од превенирање и укажување на последиците од сообраќајните незгоди.

-Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ мислиме дека наша обврска е да поддржиме кампања која се однесува на подигнување на свеста кај граѓаните во сообраќајот. Наша цел и обврска  како пратеници и како директни учесници во сообраќајот е да се обидеме  да придонесеме за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и да се бориме за подобрувње на безбедноста во сообраќајот и сообраќајната култура, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Затуровска.

Досега својот придонес го дадоа и премиерот Никола Груевски, новинарите и телевизиите, голем број на естрадни уметници и останати личности од јавниот живот во Република Македонија.

24.09.2014 - 13:36


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега