Што сакаше да каже Денко Малески?!?

Американците учат дека во Македонија живеат Словени и изјавата на новименуваниот американски амбасадор во Македонија, Бејли, не е никаква грешка. Со ваков став, професроот од универзитетот Св. Кирил и Методиј, Денко Малевски изелзе во медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС.

„Ова не е првпат некој странски претставник да нè нарече така како што нè нарече новоименуваниот амбасадор. Ние го знаеме случајот со претставникот на ЕУ од пред некоја година, Аиво Орав, кој исто така го навлече бесот на јавноста поради употребата на истиот термин. Тоа е дел од универзитетското образование кое го стекнуваат во светот, а не е политика .И мислам дека со оваа изјава Американците погодуваат во суштината на спорот меѓу Грција и Македонија, а тоа е прашањето на идентитетот, а не прашањето на името. Останува да се види дали е тоа конзистентна американска политика до која амбасадорот ќе се држи, или пак САД ќе се повлечат од активно барање решение за спорот. Треба да се има предвид дека амбасадорот завршил на Јејл колеџот, а магистрирал на Колумбија. Тоа исто така треба да се знае, дека тој нема да се откаже од своето знаење стекнато таму, поради образложението на Македонски манифест или протестот на МНР, тоа треба да бидеме убедени“ - вели Малески за Плусинфо

 

Експресен демант за овие ставови на Малески стигна лично од деканот на унивезитетот Јеил, при посетата на македонскиот претседател Иванов на САД. Освен што студентите играа и пееа на македонски јазик, деканот во изјава за МИА немаше проблем да потенцира дека македонскиот идентитет е посебен.

„Претседателе Иванов, по вашето предавање во Јеил, на македонски јазик, и ние, со овој настап сакаме да покажеме дека македонскиот јазик е жив јазик, кој ние го славиме тука во универзитеот Јеил“, изјави деканот Стерлинг.

24.09.2014 - 12:00


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега