И да има штрајк на СОНК училиштата и градинките во Штип ќе работат без проблем

Заклучокот од средбата е дека наставата ќе продолжи, без оглед на тоа дали ќе има или ќе нема штрајк, пренесува порталот „1.мк".

- Општината е должна согласно Законот да обезбеди непрекинат тек на наставата. Таа мора да се одвива во нормални услови и децата да немаат отсуства и немање на часови. Како општина ние сме должни да обезбедиме училиштата да работат. За тоа дали ќе има или не штрајк, дали ќе се вклучат наставници и колку, надлежен е синдикатот, изјави Драган Ристов, портпарол на општината по средбата.

Упатуваат апел и известување до родителите дека учениците ќе имаат настава, а децата ќе бидат прифатени во градинките.

 

24.09.2014 - 11:18


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа