Ќе се бара отпечаток од прстите за подолг престој во земјите на ЕУ

На Македонците кои ќе бараат престој во некоја од земјите од Шенген зоната подолго од 90 дена, од утре ќе им биде земен отпечаток на прстите од двете раце и дигитална фотографија во Амбасадата каде што ќе аплицираат. Ова нема да важи за визите за краток престој во земјите од Шенген, информираат од Канцеларијата на Европската комисија во Скопје.

Граѓаните кои веќе престојуваат во земјите на ЕУ со виза за подолг престој нема потреба да се враќаат за промените. Дури при обновувањето на визата ќе треба да остават отпечатоци и биометриски податоци., со што ќе се заштитат од крадци на идентитети и фалсификување на патните исправи. 

 Оваа мерка, освен за граѓаните на Република Македонија од четврток ќе се применува и во Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. 

24.09.2014 - 11:09


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега