ВНИМАВАЈТЕ: Хакери ги следат сигурносните камери од козметичките салони во Македонија- Интимни фотографии објавени на интернет

Хакери ги пробиваат сигурносните кодови на камерите за надзор и ги шпионираат луѓето кои имаат систем за обезбедување поврзан со сервер на интернет. Со оглед на тоа дека се хакирани десетици илјади камери ширум светот, повеќе од сигурно е дека треба да проверите дали вашата сигурносна камера дома не е една од нив. 

 

Веб сајт чија адреса нема да ја објавиме располага со линкови до повеќе од 90.000 сигурносни камери ширум светот, меѓу кои и многу од Македонија. Преку нив, можете да следите во реално време што се случува во многу продавници низ Македонија, а за воајерите најинтересни се камерите поставени во козметичките салони, кои ги користат за да ги гледаат жените додека се депилираат.

 

Според експертите хакерите го користат незнаењето на сопствениците на камерите, кои ги поврзуваат на Интернет без да ги сменат фабричките подесувања. Така на пример, одреден тип на камери има фабрички шифри „admin"или „12345“ па хакерите лесно ги пробиваат и потоа ја нарушуваат приватноста. 

Српски Блиц со снимките веќе почнал да ги алармира сопствениците на камери, кои на почетокто не верувале дека е можно некој да им ја шпионира сигурносната камера.

 

-Вие мора да се шегувате. Дали е ова некоја скриена камера“ - прашал еден вработен во елитен козметички салон во Белград кој останал шокиран кога ги видел снимките од безбедносната камера на неговото работно место.

24.09.2014 - 10:55


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега