Кери: Турција ќе биде во прва линија во борбата против „Исламска држава“

Турција се ангажира да учествува во меѓународната коалиција против џихадистите од групата „Исламска држава“ и ќе биде во „прва линија“ во тие напори, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери по средбата во Њујорк со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу.

- Турција е полноправна членка на таа коалиција и ќе биде ангажирана во прва линија, рече Кери.

Турција досега изразуваше резерви за учество во коалицијата особено поради тоа, дека групата „Исламска држава“ во Ирак држеше за заложници 49 службеници од турскиот конзулат во Мосул. Заложниците беа ослободени минатата седмица.

Турските заложници биле ослободени како резултат на размената со 50 членови на „Исламска држава“, според тврдењата во турскиот печат.

23.09.2014 - 19:38


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа