Вељановски упати честитика по повод еврејскиот празник Рош Хашана

Собранискиот спикер  Трајко Вељаноски упати честитка до припадниците на еврејската заедница по повод големиот еврејски празник Рош Хашана.

-  Убеден сум дека придонесот на Еврејската заедница во Република Македонија е голем и значаен. Нашите заеднички заложби како до сега, така и во иднина, се да правиме напори во градењето на модерна и демократски развиена држава. Исто така, заедничка ни е определбата да ги почитуваме традициите, културните и религиските различности, но во исто време да ги зачуваме и надоградуваме темелните вредности на нашето општество кои почиваат на толеранција, соживот и меѓусебно разбирање, се вели во честитката.

23.09.2014 - 18:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа