Тага и непребол: Една година без нашиот Дуле!

Една година тага и непребол во семејството на пејачот Дуле откако го изгубија својот син и сопруг. На овој ден се наврши една година откако Дуле ја изгуби битката со болеста на црниот дроб. Беше млад, полн со живот, секогаш насмеан и позитивен и таман кога требаше да ужива во бракот со втората сопруга Љупка Настовска, да се посвети на новиот ресторан и да снима уште многу песни, плановите за иднината му ги прекина лошата судбината.

Неговиот драг колега и пријател Коки за годишнината од смртта на Фејбук напиша:

- "Порано ја сакав есента. Сега првиот есенски ден ми е тежок како планина и тажен. Секогаш ќе ме потсетува на минатото и на една душа што не е меѓу нас.... Дуле! Повеќе не ја сакам есента!"

 

23.09.2014 - 18:11


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега