Како пропадна тајно оружје на Тито од 4 милијарди долари?

Како пропадна тајното оружје на Јоспи Броз Тито од четири милјарди долари? Дипломираниот инженер за радарски системи и потполковник во воздухопловната служба Иван Прша, вели дека аеродромот бил воен објект кој изгледал импресивно во 1968 година, кога и бил официјално отворен.

-Тоа беше најсилниот воен аеродром по инфраструктура во цела Југославија. Во внатрешноста се наоѓаше авијациска бригада со преку 60 авиони и повеќе од 3000 луѓе, од кои 500 беа офицери, 900 подофицери и околу 2000 војници. Имаше капацитет да се справи со три авиобригади во случај на потреба, односно совршена заштита од изненадни удари, раскажува Иван за српски Блиц.

Овој аеродром бил најстрого чуван објект во поранешна Југославија, но тогашната војска на Југославија, на 17 мај 1992 година го минирала аеродромот со 56 тона експлозив и со тоа во целост го онеспособила. Денес неговата внатрешност е целосно уништена.

Во 2011 година, пак, беше најавена можност за оваа локација да стане модерен карго- аеродром, но сепак текот на реализацијата на проектот го диктираат вртоглавата сума за реконструкција како и ризикот од профитабилност. Аеродромот не е ни безбеден за да стане музеј.

Инспектор и поранешен падобранец во ЈНА Изачич Хазим Алагиќ, вели дека главниот проблем се опасните отрови кои настанале од пожарот по детонацијата.

-Поради тоа, додека не биде извршена деконтаминација овој аеродром е неупотреблив за било какви активности, изјавил тој, додавајќи дека поранешниот аеродром е еден од најголемите загадувачи на подземните води во овој регион. 

Извор: Курир

23.09.2014 - 17:40


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега