„Русија под водство на Путин се развила во авторитарна држава“

Германското Министерство за надворешни работи во една анализа на ситуацијата во Русија, оценило дека „земјата под водство на претседателот Владимир Путин се развила во авторитарна држава“, пишува германскиот неделник „Шпигел“. 

„Државната Дума игра како што Путин свири, а судството носи пресуди кои се поволни за Кремљ“, се вели во анализата во која „Шпигел“ имаше увид, со оценка дека во Русија „корупцијата е дел од системот и оти против неа се води само селективна борба“.

Заменик шефот на пратеничкиот клуб на демохристијаните во Бундестагот Андреас Шокенхоф и експертот за надворешна политика на опозициската партија на Зелените Мари-Луизе Бек најавија, во врска со затегнатите односи со Русија, изјавија дека нема на крајот на октомври да патуваат во Сочи на „Петербуршкиот дијалог“, пишува „Шпигел“.

Станува збор за форумот кој пред повеќе од деценија го воспоставија рускиот претседател Владимир Путин и тогашниот германски канцелар Герхард Шредер.

„Петербуршкиот дијалог“, втемелен со цел унапредување на вкупните германско-руски односи, се одржува еднаш годишно, наизменично во Русија и во Германија

23.09.2014 - 17:19


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега