Наскоро на земјата ќе се движат клонирани мамути

Руските научници во соработка со јужнокорејските колеги ќе ги клонираат мамутите.

Во проектот „Враќање на мамутите во живот“ во Јакутија на северот на Русија ќе биде отворен Меѓународен центар за колективна примена на молекуларна палеонтологија, чија основна цел ќе биде да се проучуваат клетките на праживотните.

Научниците имаат доволно материјали за да ги „оживеат“ мамутите затоа што во Јакутија се пронајдени 75% од сите познати мамути.

Првите мамути ќе бидат „родени“ за 5-30 години, а научниците тврдат дека е тешко да се даде точна прогноза за првите клонирани мамути.

Бидејќи нема живи мамути, главниот проблем ќе биде да се пронајдат клетки потребни за стандардната процедура на клонирање.

Руските научници веќе долго време работат за тоа да ги вратат во живот, а „Малојаховскиот мамут“ кој е најдобро сочуван и кој претставува најдобар материјал за клонирање е веќе предаден на корејските научници за да се истражуваат неговите гени.

23.09.2014 - 17:05


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа