Полска организира воена вежба со 12.500 војници

Голема воена вежба почнува утре во Полска со учество на вкупно 12.500 војници, од кои 750 војници се од осум други земји-членки на НАТО, соопшти полското Министерство за одбрана.

Воената вежба, што се организира од 2006 година на секои две години под име „Анаконда“ е дел од воените вежби на Алијансата.

Освен војници од Полска, оваа година ќе учествуваат војници од Естонија, од Литванија, од Холандија, од Чешка, од Унгарија, од Канада, од САД и од Велика Британија.

Воената вежбата ќе се одржи во северна Полска и ќе трае до 3. октомври, а главната цел е подготовка на распоредување во случај на неопходност на силите за брзо реагирање на НАТО.

23.09.2014 - 16:31


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега