Бан Ки-мун во Њујорк ја отвори Конференцијата посветена на климата

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска ја отвори Конференцијата посветена на климата, на која светските лидери и бизнисмените ќе се заложат за намалување на ефектите од климатските промени.

- Никогаш досега светот не бил исправен пред промена како што се климатските промени. Климатските промени се закануваат на тешко стекнатиот мир, благосостојбата и можноста за успех на милијарди луѓе. Денес треба да го ориентираме светот во нова насока, посочи Бан.

Тој ги повика владите и приватните организации да инвестираат во решенија за намалување на штетните гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, како и за воведување на данок на јаглеродните емисии.

Конференцијата во Њујорк се одржува на иницијатива на Бан, со цел да се зајакне политичката поддршка во корист на идниот глобален договор, кој треба да биде постигнат на конференција во Париз во 2015 година.

23.09.2014 - 16:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега