Шпанија се откажува од заострување на законот за абортус

Конзервативната влада на Шпанија се откажа од контроверзните планови да го ограничи правото на абортус, откако не успеа да добие согласност за тоа колку далеку реформите по тоа прашање треба да одат, соопшти денеска премиерот Маријано Рахој.

Тој изјави дека неговата Влада ќе отстрани спорни делови од предложените реформи за абортусот кои на жените би им одземале право слободно да одлучат дали ќе абортираат до 14 недела поради бременост.

Кабинетот на Рахој го одобри предлог-законот во минатиот декември.

Мнозинство Шпанци според претходни анкети, не го прифаѓаат предлогот на владејачката Народна партија која со новиот закон предложи најрестриктивен закон во Европа по однос на абортусот.

Во анкетите дури 80 отсто Шпанци бараа да остане сегашниот закон.

23.09.2014 - 15:42


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега