Иванов упати честитка по повод еврејската Нова година

По повод Рош Хашана, еврејската Нова година, претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до Берта Романо Николиќ, претседател на Еврејска заедница во Република Македонија, и до членовите и припадниците на заедницата, посакувајќи им празнични денови исполнети со благодат, среќа и радост.

- Прославувајќи ја еврејската Нова година, во претстојните денови Ви посакувам година на среќа, благосостојба и меѓусебно почитување. Почитувајќи ги културните и религиските разлики да продолжиме и понатаму заеднички да ја градиме нашата држава.  Славејќи ја годината што следи, според еврејскиот обичај, се слави  вистината и добрите дела, затоа повикувам сите заедно да ги славиме позитивните вредности кои нè зближуваат и нè поврзуваат. Верувам дека и во иднина, како и досега, припадниците на Еврејската заедница ќе даваат активен придонес во напредокот на нашата земја, пишува во честитката на Иванов.

 

23.09.2014 - 14:39


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега