Најмалку 28 лица го загубија животот во поплави и одрони во Индија

Најмалку 28 луѓе ги загубија животите во поплавите и одроните во североисточниот дел од Индија, предизвикани од силните дождови кои веќе два дена врнат во регионот, соопштија денеска индиски официјални претставници.

Четиринаесет луѓе загинале во сојузната држава Мегалија, а уште 14 настрадале во соседната држава Асам, на северот од Индија.

Невремето, проследено со обилни дождови, поплави 90 села во дистриктот Гоалпара во Асам, кој е најмногу погоден од поплавите, додека 150.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и да се евакуираат во повисоките реони.

Војниците и федералните службеници се обидуваат да му помогнат на загрозеното население, а во готовност се и воени хеликоптери, изјави шефот на локалната полиција Ананд Тивари.

Метереолозите предвидуваат пообилни дождови во северна Индија и во следните 36 часа. 

23.09.2014 - 14:12


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега