Началникот на ГШ на АРМ имаше средба со одбранбеното аташе на Албанија

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари средба со полковник Фиќири Хоџа, одбранбено аташе на Република Албанија во Република Македонија.

На средбата, соопшти денеска МО, генералот Котески ја истакнал одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и вооружените сили на Република Албанија.

Посакувајќи му успешна работа на полковникот Хоџа, началникот на ГШ на АРМ нагласил дека со назначувањето на одбранбено аташе, соработката помеѓу двете армии ќе биде унапредена на повисоко ниво.

Република Албанија првпат назначува нерезидентно одбранбено аташе во Република Македонија, а полковникот Хоџа должноста ќе ја извршува во од Тирана, Република Албанија. 

23.09.2014 - 13:43


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега