Еве колку ќе чинат влезниците за концертот на Бреговиќ

Познати се сите детали за најголемото концертно случување оваа есен/зима во Македонија - славеничкиот концерт на Горан Бреговиќ придружуван од неговиот “Оркестар за свадбе и сахране”и специјалниот гостин Ален Исламовиќ, по повод 40 години од основањето на најголемиот бенд на Балканот на сите времиња Бијело Дугме. Концертот ќе се одржи на 7ми Ноември 2014 во арената Борис Трајковски со почеток од 21 часот. 

 

Поради навистина незапаметен интерес за едно концертно случување кај нас во последно време, Авалон Продукција се одлучи да ги пушти влезниците во продажба од 29 септември (понеделник) во 10 часот, преку билет сервисот КупиКартиЗаСе, online преку www.kupikartizase.com, цвеќара Розе Веро2, Камарад-Рамстор и Skopje City Mall. 

 

Цените на влезници по категории се следни: 

 

Партер - 600 денари/ стоење
ФанПит- 900 денари/ стоење (ограничен број само 500 влезници)
Трибина- 800 денари/ седење(блок1,2,5,6,7,8,9,10,11,14 и 15)
Golden Seats- 1000денари/ седење(блок 3,4 и 12)
Вип - 1200 денари/ седење(блок 13)

23.09.2014 - 13:38


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега