Маркарт ќе вработи 600 лица - Саем за вработување на 4-ти октомври

Процесот на вработување во германската компанија Маркарт во Велес веќе започна, а на 4-ти октомври во Велес ќе се одржи и посебен „Ден за вработување“ , на кој сите заинтересирани кандидати ќе можат да добијат повеќе информации за перспективите на германскиот снабдувач на автомобилски делови.

Ова беше истакннато на денешната прес-конференција, на која главниот и извршен директор на Маркарт Групацијата, Харалд Маркарт истакна дека се бараат инжењери, луѓе за работа во логистика и работници за во производство.

- Бараме квалификуван и обучен персонал, како и вработени за поедноставни работни места, кои сакаат заедно да го градат и развиваат напиот објект во технолошки софистициран производествен погон. Убедени сме дека можеме да најдеме вакви луѓе во Македонија и дека заедно со нив можеме да отвориме ново поглавје во успешната приказна на нашата компанија, која трае веќе речиси 90 години, истакна генералниот дректор на компанијата Маркарт, додавајќи дека дел од одбраните кнадидати ќе заминат и на соодветни обуки во Романија или Германија.Министерот за странски инвестиции Веле Самак истакна дека за позициите во фабриката на Маркарт се потребни луѓе со различни вештини од електроника, механика и многу други.

- Овој тип на Саем за вработување кој е прв од ваков вид во Македонија траба да стане пример за сите странски компании и е одличен за кандидатите кои бараат работа или нов предизвик, смета Самак.

На саемот за вработување што ќе се одржи на 4-ти октомври во Велес, со почеток во 10 часот, сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со „Маркарт“ групацијата  и можностите што ги нуди, како и со внатрешната структура и работните места што се на располагање. Во рамки на Денот на вработување ќе се одржат и интервјуа со кандидатите за слободните работни места во производство, логистика и квалитет, но и во административните оддели, како што се човечки ресурси, финансии, ИТ и продажба.

23.09.2014 - 13:25


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа