Само 2% од луѓето можат да го решат овој тест

Речиси 98 % од луѓето неможат да ја решат оваа загатка. Спаѓате ли во останатите 2 проценти? Дури и со помош на лист и пенкало, Ајнштајн тврдел дека оние кои можат да дојдат до точното решение се многу ретки.

Проверете во која група спаѓате вие…

5 куќи се обоени во 5 различни бои. Во секоја од тие куќи живее личност од различна националност. Сите тие сопственици пијат различен пијалак, свират различен инструмент и чуваат различни домашни миленици. Ниту еден сопственик нема ист миленик, инструмент или пијалак.

Врз основа на долу наведените податоци, откријте кој чува риби како миленици.

Познати податоци:

– Британецот живее во црвена куќа

– Швеѓанецот чува кучиња

– Данецот пие чај

– Зелената куќа е лево од белата куќа

– Сопственикот на зелената куќа пие кафе

– Личноста која свири виолина одгледува птици

– Сопственикот на жолтата куќа свири клавир

– Сопственикот на средната куќа пие млеко

– Норвежанецот живее во првата куќа

– Човекот кој свири труба живее покрај оној што чува мачки

– Човекот кој чува коњи живее покрај човекот кој свири на клавир

– Сопственикот кој свири армоника пие пиво

– Германецот свири гитара

– Норвежанецот живее покрај сината куќа

– Човекот кој свири труба има сосед кој пие вода

Постои само едно решение кое ги задоволува сите горе наведени услови…

22.09.2014 - 20:43


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега