Поради поплавите постои опасност од уривање на браната кај Кремс во Австрија

Состојбата по поплавите во Австрија и денеска е критична и покрај намалувањето на нивото на Дунав во повеќе делови на земјата.

Загриженоста и натаму владее околу Кремс во покраината Долна Австрија, каде има опасност од уривање на една од браните за заштита од поплави.

Оваа брана е загрозена поради т.н. хидраулично уривање на основите, соопштија пожарникарите. 

- Не може да се исклучи можноста дека браната ќе попушти, но се надеваме дека тоа нема да се случи, изјави портпаролот на покраинската команда Франц Респрегер. 

Во Горна Австрија изминатите денови во спасувачките операции се ангажирани  околу 26 илјади пожарникари, кои спасија повеќе од 220 лица и 2.600 животни. 

 

најчитано сега