Кинез по 66 години живот дознал дека е жена

66-годишен маж од Хонг Конг открил нешто кое му го променило целиот живот. 

Имено, 66-годишниот маж отишол на лекар поради отечен стомак и сфатил дека тој всушност е жена. Лекарите го откриле ова откако по извршените анализи сфатиле дека тој има циста на јајниците. 

Оваа состојба е резултат на генетско пореметување што значи дека пациентот има Тарнеров синдром кој предизвикува жените да имаат друг тип хормони, да се неплодни и со низок раст. 

- Да немаше циста на јајникот, можеби никогаш немаше да го откриеме овој медицински феномен, вели еден од лекарите кои го открил.

Инаку, Кинезот и понатаму се одлучил да се претставува како маж бидејќи тоа и бил цел живот.

најчитано сега