Турски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Прилеп

 

Делегација од 27 успешни стопанственици од Стопанската комора од Измир,  Турција денеска  ја посетија  општина Прилеп и остварија  средба со  градоначалникот Марјан Ристески.

Успешните турските бизнисмени беа од различни сектори, а можности  за соработка се понудија во градежната, текстилната, прехрамбената индустрија, како и во производството на медицинска  опрема и изнајмувањето на магцински простори.

Градоначалникот Ристески изрази  задоволство пред се од интересот на стопанствениците од Измир за  посетата и желбата за соработка со прилепските компании   нагласувајќи дека дел од тие компании веќе успешно соработуваат со многу турски фирми, но дека и понатаму  потенцијали за соработка има многу и затоа потребни  се поблиски  и директни контакти за реализирање на бизнисот  меѓу двете земји.

17.09.2014 - 15:39


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега