„Њујорк тајмс“: Најголем дел од џихадистите се од Турција

 

Еден од најголемите извори на странски борци за екстремистичката група „Исламска држава“ е Турција, пишува „Њујорк тајмс“.

Весникот се повикува на турски владини претставници и медиумски информации.

Во написот се наведува дека околу илјада Турци се приклучиле кон џихадистичката организација. Потенциран е примерот на 27-годишен поранешен борец, кој заминал во Сирија заедно со десетмина свои пријатели и се приклучил во редовите на борците на ИД по 15 дена обука. За време на борбите тој убил двајца мажи, учествувал во јавна егзекуција и погребал жив човек.

Според податоци на САД, Исламската држава има меѓу 20.000 и 31.500 борци.

16.09.2014 - 11:12


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега