Пратениците со полни раце работи
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 15. седница на која треба да е гласа за Предлог законот за заштита и благосостојба на животните во прво читање, за кој расправата заврши вчера.
Пратениците, меѓудругото, ќе расправаат за измените на Законот за нуспроизводи од животинско потекло на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, сите во прво читање.
На дневен ред се и измените на Законот за јавно здравје, на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, на Законот за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина, на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, како и на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите, истотака, во прво читање.
По скратена постапка на дневен ред на 15. седница се дополнувањето на Законот за Владата на Република Македонија, измените на Законот за јавен долг и на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
Во рамки на седницата ќе се расправа и за Предлог измените на Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009 – 2019 и Предлог одлуката за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа