Вработете се во Владата - плата 24.000 денари

 

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011 6/2012, 24/2012 и 15/2013) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013) 

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 136/2014

за вработување на 2 државни службеници во Влада на Република Македонија - Секретаријат за законодавство за следните работни места: 

 

1. Советник за управување со база на податоци, Одделение за управување со човечки ресури (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - електротехнички факултет или факултет од областа на информатичките науки
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
- познавање на англиски или друг светски јазик
- познавање на компјутерски office апликации и користење на интернет
- спремност за учење, иницијатива, проактивност
Плата: 24.600,00 
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок 

2. Виш соработник - систем инжињер, Одделение за управување со човечки ресурси (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - електротехнички факултет или факултет од областа на информатичките науки
- најмалку 2 (две) години работно искуство во струката
- познавање на англиски или друг светски јазик
- познавање на компјутерски office апликации и користење на интернет
- спремност за учење, иницијатива, проактивност
Плата: 22.382,00 
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок 

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Влада на Република Македонија - Секретаријат за законодавство заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 136/2014) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат. 

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk.

Краен рок за пријавување: 18.09.2014

15.09.2014 - 21:37


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега