ФОТО: Талија откорна дрва и поплави подруми!

 

Силното невреме кое беше проследено со врнежи и ветришта, викендов го зафати и кумановскиот регион, при што во самиот град, беа откорната неколку дрва, а беа поплавени и подруми од голем број на стамбени згради. 

Најмногу штета имаше на булеварот Октомвриска револуција, при што беа оштетени возила, и скинати кабли на електрична и интернет мрежа. 

При тоа наврнаа вкупно 43 литри дожд на метар квадратен.

“Во саботата наврнаа 39, а во недела уште 4 литри дожд на метар квадратен. Овие облачни ќелии се проследени и со ветер. Циколонот се повлекува и до среда ќе има локални врнежи, но нема да бидат интензивни“ - вели Костадинка Арсовска, дежурен синоптичар во УХМР.

Циклонот предизвика големи штети во другите балкански земји.

15.09.2014 - 18:09


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега