Што ќе се случува со времето утре?
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Врнежите ќе бидат позастапени во северните и источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 19 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 22 степена.
Постепена стабилизација на временска состојба со пораст на дневната температура ќе настапи од четврток.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа