Оставка на шведскиот премиер по вчерашниот пораз на парламентарните избори
Шведскиот премиер Фредерик Рајнфелд денеска поднесе оставка на функцијата по поразот на неговата конзервативна Умерена коалициска партија (МСП) на вчерашните парламентарни избори.
Својата оставка Рајнфелд попладнево му ја предал на претседателот на Парламентот, Пер Вестерберг.
- Можам само да кажам дека премиерот Рејнфелд ми ја предаде оставката - својата и на неговата Влада, изјави Вестерберг по средбата со Рејнфелд.
15.09.2014 - 16:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа