Почина таткото на Никол Кидман
Таткото на австралиската актерка Никол Кидман, Ентони Кидман, почина во Сингапур.
Тој бил во посета на неговата ќерка Антонија, која живее во Сингапур со нејзиниот сопруг и шесте деца. Ентони паднал во куќата на ќерка му, по што починал.
Ентони Кидман беше психолог во болницата Ројал Норт Шор и на Универзитетот во Сиднеј каде бил директор на катедрата за психологија.
Има учествувано во истражување за психолошкото влијание на заболените од рак, а во 2005 година Австралија му додели признание за придонес во развој на психологијата.
Кидман, која беше многу поврзана со својот татко, не сака да дава изјави за јавноста и се чувствува многу несреќно, изјавил нејзиниот портпарол.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа