Темната страна на Оскар Писториус- еве што откри неговата поранешна девојка
Судот во Преторија вчера одлучил дека Оскар Писториус не е виновен за намерно убиство на својата девојка Рив Стенкамп.
Најверојатно Писториус го очекува казна за убиство од небрежност, за што би можел да добие до 15 години затвор.
На вчерашното судење сведочеше и поранешната девојка на Оскар и откри некои детали за славниот спортист.
- "Можеше јас да бидам на нејзиното место", рекла 20 -годишната Саманта Тејлор
Исто таа додава дека се нервирала кога слушала како тој лаже пред обвинителната маса бидејќи тој многу добро знае да лаже.
- Оскар знаеше да ме заклучи во куќата и да излезе. Немав храна, не можев да излезам, беше опасно. Некогаш ќе излезеше и велеше дека ќе се врати за еден час. Не се враќаше по цели денови, а телефонот го исклучуваше. Знаеше да побесни до степен да не е во состојба да разговара. Често ме гризеше, некогаш од бес, некогаш од забава", открила Саманта, пренесува Дајли Мајл.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа