Не сакале да му бидат другари па ги избодел со нож - Алфите фатија малолетник од Кондово
СВР Скопје поднесе кривична пријава до малолетникот Ф.А. од село Кондово поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“, при што повредил две малолетни лица.
Тој на 8 овој месец околу 21:30 часот физички нападнал двајца малолетници по што со нож им нанел повеќе убодни рани. Причина за нападот било одбивањето на малолетниците да му бидат другари, односно заедно со него да извршуваат кривични дела.
Малолетниците од страна на нивните родители се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им се констатирани тешки телесни повреди. Задржани се на понатамошно лекување, а на едниот од нив му е извршена и хируршка интервенција.
Следниот ден Ф.А. е фатен од страна на Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА и е предаден во полициска станица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа