Георгиев во „Пулт“: Нова мерка - До 23 илјади евра за младите невработени лица со идеја за сопствен бизнис
До 23 илјади евра кредит за самовработување и почнување сопствен бизнис може да добиојат невработените млади лица кои барем еден ден биле во евиденцијата на Агенцијата за вработување. Владиниот портпарол Александар Георгиев во емисијата ПУЛТ на Радио Слободна Макеоднија обелодени дека огласот е објавен пред два дена и ќе трае до крајот на идната недела.
„Се работи за мерка за самовработување со кредитирање. Може да се организираат максимум пет млади луѓе и да добијат 23 илјади евра . Но има и мали подваријанти. Може да аплицира само едно лице и да добие 7 илјади евра. А може да се здружи со уште еден при што основниот кредитобарател би добил 7 илјади а вториот 4 или вкупно 11 илјади евра. Може да се здружи со двајца односно да се подигнат вкупно 15 илјади евра, со тројца вкупно 19 илјади евра или вкупно петмина со 23 илјади евра“, изјави Александар Георгиев за ПУЛТ на Радио Слободна Макеоднија.
Георгиев велид ека условите се исклучително поволни па младите невработени лица треба да ја искористат оваа мерка.
„ Условите се многу поволни. Рокот за враѓање на кредитот е 84 месеци со грејс период од 18 месеци во кој бизнисот може да се развива без опбрска за враќање. Каматната стапка е 1 процент на годишно ниво.“, вели Георгиев.
Со огласот се предвидува и можност за поддршка на работодавачите кои ќе вработат младо лице под 29 години од листата невработени во Агенцијата за вработување.
Секое микро или мало претпријатие кое ќе вработи лице до 29 години може да добие 4 илјади евра кредит. Максимум може да бидат одобрени средства за вработување на 3 лица или вкупно 12 илјади евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа