Принцот Хари за влакно избегнал трагедија
Принцот Хари за влакно избегна сообраќајна несреќа кога полицацот кој бил дел од неговата придружба на мотор удрил со голема брзина во такси возило.
Принцот Хари тогаш се наоѓал во возилото кое возело 50 метри зад моторот, но за среќа неговиот возач иако возел брзо успеал да ги заобиколи учесниците во сообраќајната несреќа и возилото да го запре на безбедна далечина.
Полицаецот по ударот излетал од моторот и е префрлен во болница. Возачот на таксито има потешки повреди, но и тој е во стабилна состојба.
-Тоа беше шок за сите, но ни олесна кога видовме дека сите се добро“ изјавил очевидец
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа