Турција не им дозволува на САД да ги користат нејзините воздушни бази за напади врз ИД

 

Турција нема да им дозволи на коалициските сили предводени од САД од нејзините воздухопловни бази да ги напаѓаат џихадистите во Ирак и Сирија и нема да учествува во воените операции против Исламска држава, соопшти владин претставник. 

- Турција нема да учествува ниту во каква било воена операција но во целост ќе биде сконцентрирана на хуманитарни операции, рече неименуван претставник на турската влада.

Турција не им дозволи на САД ниту во 2003 година да стационираат 60.000 војници во Турција поради инвазијата врз Ирак, што тогаш доведе до напнатост во односите на Вашингтон и Анкара.

Анкара тогаш, исто така не му дозволи на Вашингтон да ги користи нејзините воздухопловни бази во борбата против режимот на Садам Хусеин. 

11.09.2014 - 15:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега