Во Струга нема регистрирано жолтица
Во Струга и Струшко нема ниту еден регистриран случај со хепатит А, информира Добре Кузманоски раководител на епидемиолошката служба при Центарот за јавно здравје – Струга.
- Години наназад во Струга и околината нема пријавен случај на заболен од жолтица. Епидемиолошката сотојба е добра. Големи епидемии од хепатит А имаше во 90-тите до 2000-та година, изјави Кузманоски.
Според него, се преземаат сите потребни мерки да не дојде до епидемија во регионот.
Епидемилошката служба, како што истакна Кузманоски, извршила дезинфекција во градинките и училиштата во Струга.
11.09.2014 - 14:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа