Во американската авијација нема место за атеистите
Американската Воена авијација му порачала на еден млад војник дека ќе мора да ја напушти војската доколку не положи заклетва која ја вклучува и изјавата „па Господ да ми помогне“.
Во последната религиска контроверза во САД, на атеистот минатиот месец му е одбиено барањето повторно да се ангажира, затоа што не сакал да положи заклетва пред Бог.
Поради тоа што рокот за нови ангажмани истекнува во ноември, младиот војник во крич Еар форс база во Невада, чие име не е објавено, ќе мора да ја тужи владата пред федералниот суд.
Претходно, припадниците на воената авијација во Америка можеле да се одлучат за алтернативни фрази во текот на положувањето заклетва, наместо спорните „па Господ нека ми помогне“, но тоа се промени во октомври 2013 година.
Другите гранки на американската војска не бараат обраќање до Бога.
Ова барање на авијацијата го крши американскиот Устав кој спречува дискриминација врз основа на религиско убедување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа