Штрајкови ја тресат Грција

Во Солун и денеска се очекуваат протести на политички организации и на вработени против мерките за штедење, а пред посетата на премиерот на Грција на тој град.

Во Солун вчера демонстрираа повеќе од 2.000 полицајци, пожарникари и припадници на крајбрежната стража.

Во протестите се вклучија и други лица меѓу кои и пензионери и градоначалникот Јанис Бутарис.

– Ја повикуваме Владата да не почитува и да не заштити за да можеме да се избориме со предизвиците и ризиците на нашата професија, наведоа учесниците на протестот во соопштение.

Синдикатите се противат на намалувањето на платите и пензиските реформи. 

06.09.2014 - 10:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега