Германска компанија го купи аеродромот во Љубљана

Германската компанија „Фрапорт“, која управува со аеродромите во Франкфурт и во уште 12 градови, го купи аеродромот во Љубљана за 234 милиони евра, јавија словенечките медиуми. 

Љубљанскиот аеродром минатата година беше вклучен на листата државни компании, кои треба да бидат приватизирани. До последен момент во трката за негово купување учествуваше и францускиот холдинг „Венси“.

Словенечкиот државен холдинг, агенција која управува со државните имоти во Словенија, соопшти дека на тендерот биле продадени 75,5 отсто од акциите на љубљанскиот аеродром, кои биле во сопственост на државата и на некои фондови. 

Аеродромот беше втората најскапа компанија во сопственост на државата, по Телеком Словенија, кој исто така треба да биде приватизиран, но во моментов процедурата е замрзната до стапувањето на должност на новата влада на Миро Церар.

05.09.2014 - 16:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа