Ирак поднесе тужба против грчка бродска компанија поради транспорт на нафта од Курдистан

Ирак поднесе тужба против грчка бродска компанија за учество во извозот на сурова нафта од автономниот регион Курдистан, што според Багдад е незаконски, пишува весникот „Катимерини“. 

Ирачкото Министерство за нафта соопшти вчера дека компанијата „Марин Менаџмент сервис“ (ММС) била оператор на пет бродови, кои транспортирале нафта од име на курдската регионална Влада од турско пристаниште.

- ММС активно помагала во шемата за незаконски извоз на курдската регионална Влада, игнорирајќи ги многукратните предупредувања дека нафтата, која ја превезува не и припаѓа на курдската регионална Влада, се наведува во соопштението на ирачкото Министерство, без да прецизира кога и каде е поднесена тужбата. 

Ирак тврди дека ММС е одговорна за штети во износ од најмалку 318 милиони долари, а можеби и повеќе.

ММС, чие седиште е во Атина соопшти дека не е известена за тужбата и нагласи дека таа едноставно си ја вршела својата работа, превезувајќи стоки.

05.09.2014 - 16:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега