Албанија затвора 12 приватни средни училишта

Албанското Mинистертвото за образование и спорт, освен приватни универзитети, ќе затвори и 12 приватни средни училишта,поради неисполнување на потребните стандради.

Одлуката на Министерството вчера доцна попладне ја соопшти заменик министерката Нора Малај. Три од училишптата се во Драч, исто толку во Тирана, две во Елбасан и по едно во Љушња, Мат, Кучово, Валона. Учениците од овие училишта ќе бидат трансферирани во јавни средни училишта а трошоците за тоа ќе ги покријат приватните училишта. Според Малај приvатните училишта имаат обврски кои задолжително треба да ги реализираат.

- Да ги заокружат активностите околу наставата за учебната 2013/2014 година, да им обезбедат на учениците потреба училиштна документација која ќе им е потребна за транфер во новото училиште, да ја обезбедат секоја потребна информација кој ќе се побара и да ја архивираат издадената документација, рече Малај.

Според неа приватните училишта кои се затвораат задолжително на учениците да им ги вратат уплатените средства од страна на учениците за делот од образованието кое не го завршиле.

05.09.2014 - 13:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега