Црна Гора очекува покана за членство во НАТО наредната година

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора ќе добие покана за членство во НАТО во текот на следната година.

Тој е убеден дека Самитот на НАТО во Велс е последен на кој Црна Гора учествува како земја аспирант.

- Сите оценки кои ги слушнав укажуваат дека тие регистрирале прогрес и оти веруваат оти Црна Гора во текот на 2015 година ќе добие покана за членство, истакна Ѓукановиќ, кој на покана на генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмуесен учествува на 26. Самит на НАТО во Велс.

Ѓукановиќ посочи дека Црна Гора паралелно со зачленувањето на НАТО го динамизира процесот за европска интеграција.

05.09.2014 - 12:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега