Нов хорор во Србија: Си ја заклал жената

72- годишниот Мишко Драчковиќ од Шума во близина на Иваница вчера ја заклал својата сопруга.

Според неофицијалните извори на полицијата, парот бил разведен, а бидејќи биле разделени Драќовиќ се вратил во родниот Обреновац. Како што зборуваат соседите , тој неодамна дошол до пари, најверојатно му дале оштета од поплавите  и се вратил во Иваница кој живее со 60- годишнта Роксана и нејзиниот татко (92)

- Нејзиниот татко се противел на нивната врска и поради тоа секогаш се расправале,  често и полицијата интервенирала. Беше многу љубоморен и можно е да ја убил во моментот кога не бил при свест бидејќи во последно време Мишко попоуштил со нервите. Роксана беше чесна жена никогаш не правеше проблеми, работеше во продавница за чевли, раскажал за Блиц еден  сосед на жртвата.

Се уште не се познати мотивите за убиството, а полицијата работи на расветлување на случајот.

 

05.09.2014 - 11:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа