Дамата од легендарната илјадарка заврши на пакување на брашно

Ружица Миленковиќ, чиј портрет цели 15 години ја красеше банкнотата од илјада динари, доживеа непријатно изненадување кога неодамна дозна дека нејзиниот лик од илјадарката сега се наоѓа на пакување на бело брашно.

Меѓутоа на „Дамата од банкнотата” не и` пречел самиот производ, туку фактот што под сликата не стои името на авторот – нејзиниот сопруг, славниот српски сликар и графички дизајнер Андрија Миленковиќ.

 

Нејзиниот сопруг Андрија Миленковиќ направи одлични графички и ликовни решенија за споменатата банкнота која постоеше цели 15 години постоење, од 1975-та до 1990-та година, оваа банкнота никогаш не е фалсификувана бидејќи е сочинета од повеќе од 40.000 линии на сиви нијанси.

Ликот на девојката која во раката држи грозд, а позади неа комбајн жнее пченица, сликарот ја направил според ликот на својата сопруга Ружица. Денес, таа се бори против целиот систем да го зачува авторското право на покојниот сопруг.

- „Моја роднина која го купува тоа брашно веднаш ми се јави да ми каже дека производителот на амбалажата го ставил мојот лик од банкнотата. Бев возбудена, но не претпоставував дека мојот лик е украден и дека никаде не го пишува името на авторот“, огорчено раскажала Ружица Миленковиќ за српски „Блиц“.

Знаејќи дека банкнотата е сопственост на Народна банка Србија, Ружица се зачудила дека ваква голема и важна институција не ги заштитила своите права.

05.09.2014 - 10:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа