34 рудари блокирани под земја во рудник во Зеница

По слабиот земјотрес 34 рудари се блокирани под земја во рудникот за јаглен во Зеница.

Земјотресот со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала се случи вчера попладне. Епицентарот на земјотресот бил на 53 километри северозападно од Сараево.

По земјотресот 56 рудари биле под земја, но 22 успеале да излезат на површината. Двајца од нив се повредени и се хоспитализирани. 

05.09.2014 - 10:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега