Земјотрес во БиХ: Осум рудари заробени во рудник

Двајца рудари се повредени а уште осум останале во затрупани под земјата во рудникот за јаглен во Зеница, по придвижување на земјата предизвикано од земјотресот кој ја погоди оваа област од Босна и Херцеговина во попладнево.

Директорот на рудникот „Распоточје“ крај Зеница, Есад Чивиќ изјави за телевизијата BHT 1 дека повредените добиле медицинска помош и оти се надвор од животна опасност.

Чивиќ додаде дека се преземаат мерки за извлекување на рударите коишто останале блокирани во еден дел од рудникот. Појасни дека со нив е воспоставена комуникација, а со нив имаат и резерви од кислород, па не се во животна опасност.

Областа на Зеница малку по 16 часот беше погодена од земјотрес за кој сеизмолошките служби јавија дека бил со магнитуда од 3,5 степени по Рихтер. Потресите со ваква силина не предизвикуваат оштетувања на градби, но силно се чувствува на површината на земјата или под неа.

04.09.2014 - 21:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега