Хаос на аеродромот во Скопје: Пејачка спречила авион да полета

Ана Николиќ направила хаос на аеродромот "Александар Велики# во Скопје. Имено, пејачката, која неодамна гостуваше во Прилеп, по настапот имала утрински лет за Белград, но бидејќи се успала, не успеала да стаса навреме за да го фати авионот.Целата во паника пејачката свртела кај неколку пријатели во Скопје, кои успеале да го запрат авионот кој бил пред полетување, пишува Вечер

  "Ана и брат и Марко се успале бидејќи имале напорна ноќ зад себе. Кога се разбудиле и виделе колку е часот, се испаничиле и веднаш му се јавиле на сопственикот на дискотеката во која пеела, а тој во рок од десет минути им пратил возач за да ги однесе од Прилеп до Скопје. Бидејќи немало никаков начин да се стаса навреме, пејачката го зела телефонот во рака и им свртела на неколку блиски пријатели, кои ги замолила да и помогнат. Тие веднаш успеале да интервенираат и дури го спречиле и полетувањето на авионот, кој извесен период полн со патници ја чекал само пејачката“, открил извор близок на Ана и додал дека таа се брзала толку многу бидејќи истиот ден морала да отпатува за Грција на одмор, па поради тоа не можела да го почека другиот лет.

03.09.2014 - 23:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега