Вуиќ: Дали го знавате Ден Дончев? - Газда Нини: Не

Јовица Стефановиќ познат како газда Нини денеска сведочеше пред судот во спорот за кој Никола Груевски го тужи Зоран Заев за обвинувањата поврзани со продажбата на акциите од Македонска банка.

Тој истакна дека ниту се познава ниту контактирал со Ден Дончев за кој СДСМ тврдеше дека е клучниот сведок во случајот.

Стефановиќ посочи и дека не се познавал и нуту контактирал на било кој начин со Никола Груевски,  со што ги поби и сите останати тврдења на СДСМ изречени преку прес-конферанција.

Мики Вуиќ - адвокат на тужениот Заев: Дали го познавате Ден Дончев?

Газда Нини: Не.

01.09.2014 - 12:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега